петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава против жител на с.Мал Папрадник Центар Жупа за бесправно градење и узурпација

Кривична пријава против жител на с.Мал Папрадник Центар Жупа за бесправно градење и узурпација

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Џ.И.(33) од селото Мал Папрадник, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправна градба“ и „узурпација на недвижности“.

Тој, во текот на минатата година, во атарот на селото Коџаџик, узурпирал 118,79 метри квадратни државно земјиште и без одобрение и друга потребна документација неовластено изградил објект од тврда градба.

Со тоа, тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 235.204 денари.