недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за двајца струмичани поради непостапување според здравствени прописи

Кривична пријава за двајца струмичани поради непостапување според здравствени прописи

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица ќе поднесе кривична пријава против Л.К. (36) и Д.К. (44) и двајцата од Струмица, поради постоење основано сомневање дека сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, казниво по член 206 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

На 5 јануари во домот на првопријавениот во Струмица, организирале роденденска прослава на првопријавениот, на која присуствувале повеќе лица што е спротивно на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од Ковид-19, предизвикана од вирусот SARS-COV-2, случаите и временскиот период на нивна примена.

Од прославата, второпријавениот снимил видео содржини на кои се гледа присуство на повеќе лица и така снимените видео содржини ги дистрибуирал низ социјалните мрежи.

Од страна на полициски службеници при СВР-Струмица, преземени се мерки за расчистување и документирање на настанот. Обезбедени се објавените видео содржини од организираната роденденска прослава, извршени се службени разговори, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот, стои во соопштението.