Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 52-годишниот М.Џ. од тетовска Палатица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, казниво по член 366 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот се сомничи дека на 2 декември лажно пријавил дека во неговата куќа во Палатица била извршена тешка кражба во која биле одземени златен накит и девизи во вкупен износ од околу 100.000 евра, а во која наводно учествувал неговиот син А.Џ.(19) со уште три други лица, по што наводно се оддалечиле од куќата и заминале со возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки.
М.Џ. признал дека ја измислил целата приказна околу кражбата.