сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за неготинец, додека бил позитивен на коронавирусот се шетал наоколу

Кривична пријава за неготинец, додека бил позитивен на коронавирусот се шетал наоколу

ОВР Неготино поднесе кривична пријава против А.Б.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 21.02.2022, полициски службеници од Полициската канцеларија Демир Капија извршиле контрола и не го затекнале пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за задолжителна изолација, со што постапил спротивно на препораките и одлуките донесени од Владата на Република Македонија за спречување на ширење и сузбивање на коронавирусот КОВИД-19.