СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(63) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“.
Тој, од 2020 година, во својство на службено лице- вработен во Националниот парк „Галичица“, не изготвувал или уништувал записници за сеча на дрвна маса во месноста „Јадера“, атар на селото Трпејца, вршел наплата на дрвна маса во готово и на граѓани им изготвувал фалсификувана документација.