сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична за девојка од Делчево- нашла дебитна картичка со пин, па си подигала пари

Кривична за девојка од Делчево- нашла дебитна картичка со пин, па си подигала пари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.А.(19) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.

На 25.02.2022, пријавената во Делчево пронашла дебитна картичка, сопственост на М.Т., со пин, по што во два наврати подигнала 16.000 денари од банкомат и ја оштетила М.Т. за таа сума.