четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична за маж и жена од Струга: Врз нивното 16 месечното бебе паднал мебел

Кривична за маж и жена од Струга: Врз нивното 16 месечното бебе паднал мебел

Полицијата поднесе кривична пријава против А.М.(25) и неговата вонбрачна сопруга А.И.(21), двајцата од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

-На 12.02.2023 околу 11.00 часот во СВР Охрид добиена е пријава дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга, а по преземени мерки констатирано е дека детето се здобило со повреди во домот на пријавените, откако врз него паднал дел од мебел, информира МВР.