Кривична пријава за кражба во дисконт заработи 34 годишен стружанец кој од задната врата на дуќанот изнел алкохол, енергетски пијалоци, а одзел и пари со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 5.000 евра.
Како што соопшти СВР Охрид, Н.М. казненото дело го сторило на 31 мај оваа година во дисконт лоциран на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга.
– Со клешти ја исекол железната решетка на задната врата од дисконтот. Потоа насилно ја отворил вратата, влегол во дисконтот и од касата одзел пари и 30 алкохолни и енергетски пијалоци, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.