Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе четири кривични за четири тешки кражби.
Кривични пријави се поднесени против М.Р. (26) од село Житинени и М.С.(29) од село Бајрамовци, Центар Жупа.
Во периодот од 1 октомври до 1 декември 2016 година на подрачје на Дебар во куќи и деловни објекти, пријавените извршиле четири тешки кражби.
Со употреба на подесен предмет и физичка сила делувале на влезните врати и прозорци и одзеле 2.200 евра, 4.000 денари, златен накит, 200 куршуми калибар 9 мм и облека во вредност од 60.000 денари, со што предизвикале материјална штета од околу 250.000 денари.