среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

КУРИР дознава детали за инцидентот во Чаир: МВР открива што точно се случило

КУРИР дознава детали за инцидентот во Чаир: МВР открива што точно се случило

КУРИР вчера објави дека во скопски Чаир настанала вербална расправија која преминала во физички напад. Како што дозна КУРИР, во инцидентот учествувале од една страна заменик директорот на БЈБ придружуван од уште едно лице, а од друга страна началникот на ЕВР Чаир Е.М.

-Началникот бил нападнат, а во еден момент, лицето кое било во друштво на заменик директорот на БЈБ, извадил огнено оружје пиштол и испукал еден куршум кон началникот. Тој повикал полициски службеници кои тргнале да го приведат лицето кое пукало, но заменик директорот дал наредба тој веднаш да се ослободи, синоќа дозна и објави КУРИР.

Прашања до МВР пративме веднаш по добиените информации синоќа, а сега добивме одговор.

-На 23.05.2022 е пријавено дека околу 19:45 часот  полициски службеник од ЕВР Чаир во близина на ресторан на ул. „М.К. бригада“ во Скопје запрел возило „митцубиши“ кое имало вклучено т.н. флешери. Возачот почнал агресивно да се однесува, а за кратко време на местото на настанот пристигнал и М.Љ. со уште неколку лица, при што физички го нападнал полицискиот службеник. На местото на настанот пристигнале и други полициски службеници, кои биле нападнати од групата. М.Љ. испукал од пиштол во воздух, но бил совладан од полициските службеници и пиштолот му бил одземен, а од пукањето нема повредени лица, велат од МВР за КУРИР.

Потоа дошле и други лица, меѓу кои и полициски службеници, по што М.Љ. се дал во бегство.

-За М.Љ. бил распишан централен распис, но тој во текот на денешниот ден сам се пријавил во полициска станица. Известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, обезбеден е пиштолот и видео снимки од настанот и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци, истакнуваат од МВР за КУРИР.