петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетен пешак тешко повреден на регионалниот пат Липково – Арачиново

Малолетен пешак тешко повреден на регионалниот пат Липково – Арачиново

На 02.06.2022 околу 14.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Липково – Арачиново, во с.Матејче, општина Липково, патничко возило „форд фиеста“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(24) од с.Виштица, општина Липково, удрило во малолетен пешак од с.Матејче, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.