четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетничка тешко повредена по удар од автомобил

Малолетничка тешко повредена по удар од автомобил

Единаесет годишно девојче е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 09.30 часот во двор на здравствена установа на ул. „Ико Заров“ во Неготино.

Од полицијата информираат дела В.Н. (48) од Неготино, управувајќи патничко возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки удрила во девојчето.

Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и по укажаната помош во Општата болница Кавадарци билa препратена во Ургентен Центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.