На 20.06.2022 во 21.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Железничка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Б.Б.(18) од Охрид и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(23) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка на мотоциклот од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.