ОКП-ООК-Охрид поднесе известување против три малолетни лица на возраст од 15, 16 и 14 години, сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 07 и на 08.02.2022 на бул.„Туристичка“ тројцата физички го нападнале Х.Р.(20) од Охрид, при што употребиле тврди предмети, а едниот од нив со нож му нанел повреда.