На 12.09.2021 во 23:30 часот во СВР Скопје, В.С.(38) од Радовиш пријавил дека околу 16:00 часот во спортска сала во населба Радишани во Скопје, по претходно нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе малолетници, неговиот малолетен внук бил физички нападнат од неколу лица, при што еден од нив му нанел повреда со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.