четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник и 20 годишна девојка повредени во сообраќајка, возачот на автомобилот избегал

Малолетник и 20 годишна девојка повредени во сообраќајка, возачот на автомобилот избегал

На 24.06.2023 околу 00.05 часот во СВР Скопје било пријавено на крстосница од ул.„Бајрам Шабани“ и ул.„Фадил Бектеши“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, кое го напуштило местото и мотоцикл, управуван од малолетник од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот, А.Џ.(20) од с.Студеничани, скопско, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.