понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник прегазен во Скопје, со тешки повреди пренесен на Клиника

Малолетник прегазен во Скопје, со тешки повреди пренесен на Клиника

На 04.09.2023 околу 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Васко Карангелевски“ и сервисна улица, патничко моторно возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(35) од Демир Капија, удрило во малолетен пешак од Скопје, информира МВР.

По несреќата малолетникот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.