четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник со мотор „сузуки“ се забил во паркирано возило – со брза помош итно бил пренесен во болница

Малолетник со мотор „сузуки“ се забил во паркирано возило – со брза помош итно бил пренесен во болница

На 23.08.2023 во 11.33 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, 17 – годишник од с.Б.Доленци, управувајќи мотоцикл „сузуки“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко моторно возило „фиат пунто“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на Н.С..

По несреќата, мотоциклистот бил пренесен во Медицински центар Кичево каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кичево.