понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник тешко повреден, бил удрен од автомобил во скопско Трубарево

Малолетник тешко повреден, бил удрен од автомобил во скопско Трубарево

На 19.05.2022 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „3“ во с.Трубарево, скопско, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (28) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопјe.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.