недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Гостивар-Чегране

Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Гостивар-Чегране

Малолетно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 21 часот се случила на регионалниот пат Гостивар-Чегране.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека во несреќата учествувале автомобил „фолксфаген бора“ со гостиварски регистарски ознаки управуван од 63-годишниот М.А. од Чегране и мотоцикл „априлиа“ без регистарски ознаки што го управувал малолетник од Форино.

-Во несреќата, малолетен сопатник од мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, вели Јосифоски.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.