среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Сенокос

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Сенокос
илустрација

На 07.08.2023 во 14.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар-Градец, во село Сенокос, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(25) од Градец и патничко возило „мерцедес“ со странски регистарски ознаки, управувано од Ш.К.(50) од Сенокос.

Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетен сопатник во возилото со гостиварски регистарски ознаки, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.