сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник тешко повреден во сообраќајка меѓу мотоцикл и автомобил

Малолетник тешко повреден во сообраќајка меѓу мотоцикл и автомобил

На 07.08.2022 година во 20.22 часот од страна Итна медицинска помош Демир Хисар е пријавено е дека во с.Утово, на локален пат за с.Смилево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „шинрај“, управуван од малолетник од с.Утово и патничко возило „фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од З.П.(44) од с.Утово.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот од с.Стругово, констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР.

Извршен бил увид од увид од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.