вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Тетово

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Тетово

На 25.12.2022 во 12.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Саво Тасевски“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(31) од Тетово и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Џепчиште, тетовско, информира МВР.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.