вторник, 19. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетници се тепале во Скопје и Кочани

Малолетници се тепале во Скопје и Кочани
илустрација

На 08.04.2023 во 16.00 часот во СВР Скопје, Б.Н.(41) од Скопје пријавил дека на 07.04.2023 околу 12.00 часот на ул.„Петар Георгиев“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.04.2023 во 19.30 часот во ОВР Кочани, П.А. од Кочани пријавила дека настанала физичка пресметка помеѓу нејзиниот малолетен син и друг малолетник од Кочани. Се работи на расчистување на случајот.