Марихуана е пронајдена при претрес на две куќи во Демиркаписко. Едниот претрес е извршен во куќа во Демир Капија, а другиот во демиркапиското село Чифлик.
– Вчера во 11 часот при претрес во домот на 29-годишен демиркапиец пронајдени се и одземени кутија со зелена растителна материја, најверојатно марихуана, како и метална дробилка за марихуана, изјави портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Час и половина подоцна, во селото Чифлик е извршен претрес во куќа на 38-годишно лице од Демир Капија при што пронајдени и одземени се кеса со зелена растителна материја, најверојатно марихуана, како и две помали кеси со бела прашкаста материја, најверојатно хероин.