понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Машки труп пронајден во Вардар: Исчезнал пред 10 дена, денеска го пронашле удавен

Машки труп пронајден во Вардар: Исчезнал пред 10 дена, денеска го пронашле удавен
илустрација

Во водите на Вардар во општина Желино утрово е пронајден машки труп.

Телото не е идентификувано, а според првичните сознанија се претпоставува дека станува збор за 93-годишно лице кое е пријавено како исчезнато пред 10 дена од село Стримница, општина Желино.

Се очекува екипи на Противпожаната единица на терен да го извлечат пронајдениот труп.

Полицијата го обезбедува местото, по што ќе се врши увид.