На 18.09.2022 во 02:00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во Неготино бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Тепачката се случила помеѓу Ф.Ј.(37) од с.Прждево, С.М.(31) и И.М.(27), двајцата од с.Уланци, општина Градско, од една страна и О.М.(24) од с.Уланци, Н.М.(42) и М.А.(30), двајцата од Неготино, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.