недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж си ја претепал вереницата, поднесена кривична пријава за семејно насилство

Маж си ја претепал вереницата, поднесена кривична пријава за семејно насилство
илустрација

Одделението за внатрешни работи – Струга поднесе кривична пријава против 28-годишниот Н.Н за семејно насилство, односно нанесување телесна повреда при вршење семејно насилство.

Секторот за внатрешни работи Охрид денеска соопшти дека лицето на 10 август годинава физички ја нападнало вереницата, нанесувајќи и телесни повреди.

– Н.Н (28) од Струга, на 10 август годинава, почнал вербална расправија со неговата 25-годишна вереница, по што физички ја нападнал нанесувајќи и телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.