петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж тешко повреден откако излетал со автомобил од пат

Маж тешко повреден откако излетал со автомобил од пат

Ресенчанец кој бил сопатник се здобил со тешки повреди, откако автомобилот со кој се превезувал излетал од коловозот кај селото Ново Село.

Според СВР Тетово, вчеравечер (27 јануари) во 22 часот и 15 минути во СВР Тетово била пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселски гробишта. Во неа, патничко моторно возило „шкода октавија“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(31) од Ресен, изгубило контрола и излетало од коловоз. Сопатникот во возилото Д.И.(30) од ресенско Стење се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.