Вчера околу 10.10 часот на магистралниот пат А-1, кај место викано „Св.Петка“ во правец кон Демир Капија, Ж.Ј.(55) од село Марена паднал од приколка на товарно возило „Нисан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на „Македонија пат“, управувано од Ј.А.(52) од село Ѓопчели.
Ж.Ј. паднал во моментот кога возилото излегувало од земјена површина за да се вклучи на магистралниот пат, при што се здобил со тешки телесни повреди.
По укажаната помош во Јавната здравствена установа Валандово, тој бил пренесен во Медицински центар Кавадарци.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Валандово.