С.Д.(35) од с.Св.Тодори, општина Могила се здобил со тешки повреди откако се превртел со Југо кое го управувал.
Несреќата се случила вчера утрото пред 7 часот на локалниот пат с.Милошево – с.Пресил
-По незгодата, С.Д бил пренесен во Општата болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп, информира МВР.