вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

Маж тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

На 13.12.2021 во 14.10 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиновски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Е.Х.(60) од с.Врапчиште и патничко возило „мерцедес“, управувано од М.Д.(26) од с.Равен, двете со гостиварски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, А.Р.(54) од с.Врапчиште, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.