понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Маж усмртен во Топанско

Маж усмртен во Топанско

Маж го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера околу пладне се случила на улицата „Македонско Косовска бригада“

-Патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистерски ознаки управувано од Б.М.(63) од Скопје удрило во пешак Р.З.(83) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ каде во 13,30 часот од страна на лекар констатирана била смрт, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.