На 29.10.2022 во 00:30 часот пред угостителски објект на подрачје на Центар од полициски службеници од СВР Скопје лишени од слобода се К.К.(30) и М.М.Б.(38) двајцата од Р.Полска затоа што според пријавеното учествувале во нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу нив и женско лице С.Т.(19) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.