вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Мерцедес рано утрово управуван од 25 годишно момче се судри со Пежо на раскрсницата кај Соборниот храм (ФОТО)

Мерцедес рано утрово управуван од 25 годишно момче се судри со Пежо на раскрсницата кај Соборниот храм (ФОТО)

За сообраќајната незгода која рано утрово се случила пред Собрниот храм во Скопје информации простогнаа од МВР во кое се вели дека несреќата се слулила меѓу две патнички возила, по што се повредени три лица.

На 13.11.2022 околу 04,00 часот е пријавено дека на крстосница од бул. „Партизански одреди“ и бул. „Св.Климент Охридски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од с. Црн Врв, скопско и патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(39) од Скопје.

По несреќата, возачот А.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а возачот Б.Т. и неговиот сопатник Т.В.(53) од Скопје биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар на Б.Т. му биле констатирани телесни повреди, а на сопатникот Т.В. му биле констатирани тешки телесни повреди.