На 07.07.2023 година во 04.20 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид патничко возило „форд фокус“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(21) од Охрид удрило во пешак И.К.(41) од Охрид, паркирани патнички возила „фиат пунто“ и „волво“ со охридски регистарски ознаки и „мазда 5“ со српски национални ознаки.
-Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а возачот А.К. со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.
По наредба на јавен обвинител, увид извршија полициски екипи.