На 01.07.2019 година во 23.55 часот на булевар „Видое Смилески-Бато“ во Тетово, Р.Р.(23) од Тетово, управувајќи патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 15 – годишен сопатник од с.Камењане, кој бил пренесен во болницата во Тетово. Со телесни повреди се здобиле сопатниците А.Б.(24) од с.Синиче и М.У.(24) од с.Вешала. Тие, исто така, биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.