четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Млад возач тешко повреден, излетал од пат во скопско

Млад возач тешко повреден, излетал од пат во скопско

Во селото Копаница, скопско вчера патничко возило „опел калибра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.З.(20), од Копаница, излетало од коловозот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди.

-Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.