четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Млада девојка тешко повредена откако ја удрил автомобил

Млада девојка тешко повредена откако ја удрил автомобил

На 09.02.2023 во 08.10 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Натанаил Кучевишки“, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(35) од Скопје, удрило во пешакот Х.П.(26) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.П. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.