сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Млада жена тешко повредена, со автомобил излетала од пат

Млада жена тешко повредена, со автомобил излетала од пат

На 17.08.2023 во 07.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, на делницата од с.Ново Село до с.Сушица, Б.С.(26) од с.Ново Коњарево, управувајќи патничко возило „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубила контрола и со возилото излетала надвор од коловозот, информира МВР,

По несреќата Б.С. била пренесена во Медицински центар Струмица каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.