четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Младо момче заврши во болница со тешки повреди откако на Партизанска се судрил со голф

Младо момче заврши во болница со тешки повреди откако на Партизанска се судрил со голф
илустрација

На 27.11.2022 во 02.20 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ со ул.“Ангел Динев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(41) од с.Грчец-скопско, и патничко моторно возило „нисан кашкаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(28) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.З., констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил В.М., констатирани во Градската општа болница “8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.