четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Момче излетало од пат, со тешки повреди пренесено во Клинички центар

Момче излетало од пат, со тешки повреди пренесено во Клинички центар

Росоманец на возраст од 26 години e тешко повреден во сообраќајна незгода која синоќа петнаесет минути пред полноќ се случила на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај бензинската пумпа во Росоман.

Управувајќи возило „Ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, Г.С. изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Бил префрлен во комплексот клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Кавадарци.