Дваесет и три годишно момче од Куманово е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на регионалниот пат Куманово-Граничен премин Пелинце, во с.Старо Нагоричане, на место викано „Попчевци“.
Во несреќата „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувана од Ч.С.(69) од Куманово, удрило во пешакот С.С.(23) од Куманово.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.