петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист повреден во сообраќајка во Битола

Мотоциклист повреден во сообраќајка во Битола
илустрација

Вчера во 12.55 часот било пријавено дека во Битола на ул.„8 Септември“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шевролет калос“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М.(62) од с.Трн, битолско, и мотоцикл „пјаџо“, управуван од И.Р.(27) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.