петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист повреден во сообраќајка во Битола

Мотоциклист повреден во сообраќајка во Битола
илустрација

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 15 часот на ул.„Партизанска“ во Битола.

Несреќата се случила меѓу автомобил „пежо 306“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(67) од Битола и мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Л.М.(25) од Битола.

-Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Битола за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.