сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во Неготино

Мотоциклист тешко повреден во Неготино
илустрација

На 05.07.2020 во 16.15 часот било пријавено дека во Неготино, на крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Борис Кидрич“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено меган“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(74) од Неготино и мотоцикл „хамачи“, со неготински регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(33) од Неготино, информираат од МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил мотоцилкистот, констатирани во болницата во Кавадарци, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Неготино.