понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во Скопје

Мотоциклист тешко повреден во Скопје
илустрација

На 06.06.2022 околу 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ангел Динев“ и ул.„Војвода Васил Чакаларов“, З.Ј.(57) од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, информира МВР, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот.

Повредите биле констатирани во Градска општа болница „8 Септември“.