четврток, 7. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во скопско

Мотоциклист тешко повреден во скопско
илустрација

На 05.07.2021 во 17.50 часот било пријавено дека во с.Долно Количани, скопско, на крстосница од ул.„1“ и ул.„3“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл, управуван од З.И.(27) од с.Горно Количани, скопско, и патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(31) од с.Долно Количани, скопско, информира МВР.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.