петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на „М.Т.Гологанов“

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на „М.Т.Гологанов“
илустрација

Сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено се случила денес околу 12 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Во несреќата учествувале, автомобил „Хјундаи“ управуван од скопјанецот Б.В. (64) и мотор „Априлија“ со кој управувал 48 годишниот В.З. од Скопје.

Мотоциклистот со тешки повреди бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде е задржан на понатамошно лекување.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.