недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на патот Куманово–Крива Паланка

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на патот Куманово–Крива Паланка
илустрација

На 26.09.2021 во 21.30 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, во атар на с.Ветуница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „харли дејвидсон“, со бугарски национални ознаки, управуван од В.А.А.(34) од Република Бугарија и патничко возило „сеат ибица“, со кратовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ц.(42) од Кратово, информира МВР.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.